ТЕХНИКА - ЅВЕЗДА НА ПРИКАЗНАТА
Техниката се употребува на час за анализа на елементите од текстот
Техниката се употребува на час за анализа на елементите од текстот
- Наставникот го поставува постерот со ѕвезда на приказната или го црта на табла
- Се започнува со прашањето од врвот на приказната, а одговорите наставникот ги запишува покрај соодветниот крак
- Постапката се повторува за секој крак од ѕвездата
- Наставникот покажува кон постерот и објаснува дека секоја приказна има ликови, место на случување на дејството, проблем, решение и важни настани при што покажува на соодветниот крак на ѕвездата
- На почетокот техниката се работи заеднички, а потоа учениците се остваат да работат во групи, во парови и кога техниката е добро усвоена ја работат индивидуално.
Анализа на расказот „Едноставно - старица“ - Вера Осеева. Бидејќи со оваа техника се запознавме во второ одделение (со кликнување на копчето ќе ја видите нашата работа во второ одделение).Oваа учебна година продолжуваме со работа во групи.
Обработка на расказот „Рози место ќотек“ - Марија Дробњак со користење на техниката - Ѕвезда на приказната. Работиме во парови.
Обработка на расказот „Клупата“ - Марија Дробњак со користење на техниката - Ѕвезда на приказната. Работиме во парови.