Во рамките на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието на 04.03.2015 беше реализирана средба помеѓу партнерските училишта ООУ„Гоце Делчев“ - Прилеп и ООУ„Панајот Гиновски“ - Скопје. Беа реализирани голем број на активности преку кои учениците, наставниците и родителите разменуваа идеи, креираа и се дружеа. Дел од работилниците беше и работилницата „Цвет за мама“ во која учествуваа ученици од четвртите и петтите одделенија. Во оваа активност беа вклучени 10 ученици од македонска и 10 ученици од албанска националност, родители и наставници од двете училишта. Некои од изработките останаа да ги красат ѕидовите на училиштето домаќин, дел беа подарени на присутните мајки, а дел беа подарени за гостинското училиште. Продуктите добиени од работилницата за храна беа дегустирани од сите присутни, а потоа дружењето продолжи преку посета на куќата на Мајка Тереза, Археолошкиот музеј и центарот на главниот град.
|