Целта на Зелениот пакет-јуниор е да даде придонес за подобар квалитет на животната средина во Република Македонија, преку поттикнување на личната одговорност на граѓаните за подобрување на сопствениот однос и поголема грижа за животната средина. Зелениот пакет јуниор, слично на неговиот претходник (Зелен пакет), содржи активни методи и алатки за едукација на најмладите ученици (на возраст од 6-10 години), нивните наставници и родители.
|