Се приклучуваме кон „Најголемиот глобален час“ со реализација на 30 минутната активност „Вовед во Глобалните цели за одржлив развој“. Разговараме за најголемите проблеми во светот, што би направиле кога би биле претседатели на некоја држава. Ги соопштуваме глобалните цели, гледаме анимираниот материјал на Сер Кен Робинсон, а потоа илустрираме како ние како супер херои можеме да помогнеме во остварување на глобалните цели.
|