Текстот во продолжение претставува дел од упатствата
за запознавање со eTwinning и е преземен од интернет страната на
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност
Што претставува eTwinning?
еTwinning е дел од Програмата за доживотно учење.
Интернет платформата на оваа програмска рамка како дел од Comenius дава можности за виртуелни проекти со партнерства на повеќе училишта од повеќе земји, со искористување на предностите што ги дава Информатичко-комуникациската технологија (ИКТ) во процесот на комуникација и колаборација помеѓу образовните институции од цела Европа, размената на искуства и можноста да создаваат и прилагодуваат нови иновативни методи, пристапи и производи во основното и средното образование.
Задачата на еTwinning е поставување и развој на систем од мрежи помеѓу училиштата. Сите ученици од Европа, во рамките на своето основно и средно образование треба заедно со своите наставници да имаат можност за учество во образовни проекти со ученици и наставници од други европски земји. Ова искуство може да биде решавачко во поставувањето на европската димензија во образованието и формирање кај младите претстава и знаење за европскиот модел на јазична и културна разнообразност. еTwinning проектите служат и за професионален развој на наставниците и обучувачите преку користење на ИКТ.
Зошто eTwinning ?
еTwinning го помага создавањето на партнерски мрежи помеѓу училиштата, воведува нови карактеристични методи на работа и им дава можност на младите во Европа да научат повеќе за културниот и социјалниот живот на другите во Европа, како и да ги подобрат своите јазични познавања. еTwinning претставува широк круг на можности за младите и за училишниот персонал за прифаќање на европското граѓанско самосознавање и културно богатство на Европа како ефикасно и забавно интерактивно доживување. Тоа е лесно достапен начин за испитување на нови образовни можности преку користење на ИКТ.
еTwinning ги насочува наставниците кон градење на релации и врски помеѓу наставните програми и создава претпоставки за запознавање со различни образовни системи. Уште повеќе, еTwinning ги помага заедничката работа на наставници и усовршувањето на нивните наставни методи.
Како во еTwinning?
еTwinning можe да вклучи и соработка на определен проект или пообемен проект што го опфаќа целото училиште. Неопходните услови за опстанувањето на таков проект вклучуваат обезбедувањето на партнер училиште, на идеи, и на општа ангажираност за остварувањето на зацртаните цели.
еTwinning се заснова на партнерски договор, со кој претставниците на училиштата изразуваат желба за започнувањето на соработката. Тој договор ги прецизира задачите и активностите, кои што се реализираат во рамките на партнерството. При исполнувањето на договорот партнерите се стремат кон развој на определени педагошки методи на взаемно дејство во согласност со националната наставна програма и плановите за училишен развој, ефикасно искористувајќи ја ИКТ.
Поддршка
Поддршката на еTwinning се состои од широка мрежа на агенции. На национално ниво дејноста се администрира од Национален сервис за поддршка (НСП), кој што е во непрекинат контакт со Централниот сервис за поддршка (ЦСП) во Брисел. Во Република Македонија, НСП е претставен со Одделението за еTwinning при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Во сите национални структури за еTwinning во Европа, постоја обучени специјалисти, кои ги консултираат и помагаат заинтересираните училишта, наставници и ученици да се вклучат во дејноста.
Награди
Наградата еTwinning-знак има клучна улога во активностите на наградување. Овој знак е официјално признание за успешна меѓународна соработка и квалитетно исполнување на активностите.