Додека другите ученици писмено одговараат на видови прашања (предвидувачки, фактички и инферентни), по еден ученик од секоја група работи со техниката - ленти на приказната т.е. подредување на речениците според хронолошки редослед. На часот се следи работата на пет ученици.
Додека другите ученици писмено раскажуваат по серија на слики „Среќен именден“,преку техниката - ленти на приказната, пет ученици се следат колку успешно ќе ги подредат речениците според редоследот на настаните.
Четворица ученици добиваат ленти кои треба да ги подредат според редоследот на настаните. Секој ученик работи на различен дел од расказот „Рози место ќотек“ - Марија Дробњак, за на крајот да се добие една целина.