Во воведниот дел на часот разговараме и заеднички запишуваме состав за нашата татковина. Наставникот дава насоки и ги запишува речениците што че ги состават учениците. Пишуваме за Република Македонија, кои се нејзини жители, разлики и сличности помеѓу нив (етнички состав, религја), за прирдоните убавини, културните и спортски манифестации, а и за нашата гордост што сме жители на оваа прекрасна земја.
Главната активност ја работиме во парови. Секој пар добива по две ситуации од работниот лист „Во согласност со Уставот или не?“ за кои треба да проценат дали се во согласност со Уставот користеји го работниот лист „Членови на Уставот“. По еден член од паровите што имале иста ситуација го презентира нивното мислење во врска со ситуацијата, а другите ученици се вклучуваат во дискусија.
Во завршниот дел на часот ги потенцираме ситуациите кои се поврзани со меѓуетничкиот живот во Република Македонија, а исто така вршиме и самооценување за напишаниот состав со користење на техниката „Две ѕвезди и желба“.
Разговаравме дека според Уставот во Република Македонија се зборува и се учи на македонски јазик и на јазиците на другите етнички заедници кои живеат тука. Сите луѓе имаат еднакви права. луѓето имаат право да имаат различен јазик, различна култура и обичаи.
Ѕвездите се однесуваа на тимската работа т.е. заедничкото пишување на составот, со идеи и дополнување од сите ученици и на содржината на составот т.е. опфатеност на повеќе подрачја што се однесуваат на Република Македонија. Нашата желба беше наредниот пат да обрнеме внимание на пишувањето т.е главниот дел да го започнеме во нов ред, а на почетокот на воведниот и главниот дел да оставиме малку место во редот како што направивме во завршниот дел.