ВЕЖБИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ПОСТАВУВАЊЕ И ДВИЖЕЊЕ
Очекувани резултати Ученикот/ученичката - Се поставува и движи во коло- на по еден и двајца во одење и трчење; - Ја развива координацијата и насоченото движење во просторот; - Го развива чувството за есте- тика, за координирано и симе- трично поставување и движење; - Развива осетливост за расто-јанието и движењето во просто- рот во колона и редица; - Ја развива меѓуученичката соработка и другарско однесување; ВЕЖБИ ЗА ОФОРМУВАЊЕ НА ТЕЛОТО И ДВИЖЕЊЕТО Очекувани резултати Ученикот/ученичката - Изедува вежби со главата, трупот, рацете и нозете координирано и правилно; - Правилно да изведува вежби за истегање, лабавење и јакнење ; - Го развива чувството за естетско изведување на движењата; - Изведува вежби сообразно со определен ритам и темпо; - Правилно ги изведува вежбите во седење, полу-лежење и лежење; - Се запознава и упатува на секојдневно утринско вежбање - Се запознава со правилно и лошо држење на телото - Се развива и јакне грбната и стомачната мускулатура, стапалата и рацете - Се престројува, постројува, завзема одредена положба, |
ОСНОВИ НА АТЛЕТИКАТА
Очекувани резултати Ученикот/ученичката - Увежбува правилно одење и трчање; - Ги развива големите мускулни групи на рамениот појас, рацете, трупот, на карлицатаи на нозете ; - Ги развива способностите за рамнотежа со одржување на движењето во саканиот правец; - Развива чувство за темпото при движењето; - Ја развива способноста за општа подвижност на локомотор- ниот апарат и координирано дви- жење во просторот; - Ја користи техниката на отскокнување и доскокнување (со залет односно со затрчување); - Ја совладува техниката на правилно фрлање и фаќање; - Ја развива координацијата на локомоторниот апарат при фрлање и фаќење на топчиња; - Ја развива прецизноста; ОСНОВИ НА ГИМНАСТИКАТА Очекувани резултати Ученикот/ученичката - Правилно лази и се тркала околу надолжната оска на лева и десна страна; - Има координацијата во просто- рот и чувството за движењ во различни положби на телото; - Ја совладува и увежбува техниката на правилно дигање и носење; - Користи и увежбува техника за заедничко носење на предмети; - Ја развива силата и техниката за заедничко носење на предмети; - Се воведува во елегантно и естетско држење на телото и делови од него. |
ИГРИ
Очекувани резултати Ученикот/ученичката - Учествува во игри; - Ги почитува правилата на игрите; - Ги развива психомоторните вештини: брзина, снаодливост, издржливост, правилна и навре- мена реакција, еластичност и др; - Помага, соработува, комуници- ра и дисциплинирано да реализира поставени задачи; - Ги развива способностите за контролирано однесување и искажување на емоциите во натпреварите, култура во пддршка на својата екипа-навивње |
|