Со проектот Walking through the nature – I would like to see! на 62от Европски натпревар наставничката Александра Андоноска од ООУ„Гоце Делчев“ – Прилеп, заедно со своите 28 ученици и три партнерски училишта (наставници со нивните ученици од Германија, Турција и Полска) го освоија второто место во конкуренција на 772 ученици од 32 училишта од 16 земји во Европа, во категоријата за ученици до 10 години на тема: Помош - заштити ме! Заштита на загрозени животни и растенија.
Работата на проектот вклучуваше истражувања за загрозените животни, користење на информатичка технологија за создавање на презентации, игри, комуникација помеѓу наставниците и учениците.
Во продолжение се поставени линкови на кои може да се видат активностите на учениците и наставниците, како и постигнатите резултати.

Пристигнаа и дипломите за освоеното второ место, а паричната награда ја искористивме да се почестиме со пица. Наредните денови директорот на нашето училиште, Трајче Каралиоски, официјално ни го честита успехот и ни ги додели дипломите.