Учениците се делат во групи. Секој ученик прави свој отпечаток на листот во
групата при што си избира со која боја сака да го направи. Потоа ги украсуваат своите отпечатоци, ги сечат и ги поставуваат на заеднички лист. Целта на часот е учениците да се стекнат со сознание дека луѓето во
одредени свои карактеристики се слични, исти или различни, но секој има своја вредност која
треба да се почитува, бидејќи посебностите и разликите го прават светот поубав.
|