На натпреварот на тема „Децата и морето“ беа испратени 1238 цртежи создадени од деца од градинките и основните училшта, 279 литературни творби на англиски, француски и романски јазик напишани од ученици од основно образование и 241 фотографии. Наградите од секоја категорија (цртеж, литературна творба и фотографија) беа доделени во три групи во зависност од возраста на учениците.
Учесниците беа од 10 земји (Македонија - претставена со учениците од нашето училиште со менторот Александра Андоноска, Бугарија, Португалија, Италија, Турција, Грција, Унгарија, Полска, Молдавија и Словачка )
Во оваа конкуренција ученикот Кирил Трајковски го освои третото место во неговата возрасна група во категоријата за цртежи, а учениците Аризанкоски Виктор, Лазова Габриела и Цветкоска Ивана добија сертификати за учество.
Со кликнување на копчето може да видите фоттографии од изложбата и линкови до статиите објавени по повод меѓународната изложба.