Prezi - презентацијата овозможува часот да биде динамичен и поинтересен за учениците. Внесените слики, цртани филмови и текстот се прилагодени на возраста на учениците, па тие активно се вклучуваат со свои коментари во текот на презентирањето.. Со помош на сликите во презентацијата ги прераскажуваат басните и расказите од книгата. Потоа се дискутира за поуката што може да се извлече од расказот и се прикажува слајдот на кој е напишана. Еден ученик излегува на таблата, ја чита поуката или карактеристиките на ликот и го објаснува напишаното со свои зборови .
|