Прекрасно изненадување од прекрасни ученици! Оваа генерација ќе има посебно место кај мене, ќе ми недостасувате, спомените кои се создавале во изминатите пет години, нема да бидат избришани од моето сеќавање, а секогаш и јас и вие ќе можеме да се потсетиме на прекрасните заеднички моменти преку фотографиите на оваа веб страна.
Ви посакувам многу среќа во понатамошното школување, а пред се да бидете среќни луѓе, задоволни со она што сте, затоа што секој од вас е посебен на свој начин и секој има со што да се гордее!
Ви посакувам многу среќа во понатамошното школување, а пред се да бидете среќни луѓе, задоволни со она што сте, затоа што секој од вас е посебен на свој начин и секој има со што да се гордее!
Прослава на четвртматура.... измешани чувства... тага што ова е последното заедничко дружење како паралелка, но и радост дека заврши еден период од школувањето и од септември продолжуваме со нови предизвици. Среќно на сите!