По успешната прва конференција едуконференција на наставници и информатичари, Friends of education - невладина организација на наставници, професори и ИКТ експерти чија основна цел е обезбедување на квалитетна и креативна наставна пракса, ја организираа втората едуконферениција. Конференцијата повторно на едно место ги собра пријателите на образованието во улога на предавачи и слушатели, учесници кои по завршувањето на дводневното дружење и размена на идеи, заминаа со позитивни впечатоци, нови сознанија, инспирација и желба за повторна средба.
|