Коорднинатни мрежи
Имаме подготвено две координатни мрежи: на првата ја претставуваме пролетта која тукушто ни пристигна, а на втората правиме мапа на нашиот град.
Секој ученик зема сликчиња со цветови, пеперутки или објекти кои се наоѓаат во Прилеп, а на кои се напишани координатите каде треба да се постават во координатната мрежа. Пред да го постави сликчето на неговото место, ги запишува координатите на лист со цел да може подоцна да се провери нивната точност.
На крајот добиваме прекрасна цветна ливада и мапа на градот која ќе ја користиме на наредниот час за смислување и решавање на проблемски задачи.