Обработка на расказот „Татковото писмо“ со помош на техниката шест шешири. На почетокот секој ученик индивидуално го чита расказот, а потоа се делат во шест групи и секоја група добива одредена задача според бојата на шеширот. Секоја боја има свое значење, па учениците вршат анализа, ги искажуваат позитивните и негативните емоции и случки во расказот, споредуваат со ситуации од својот живот. Работиме во групи, ученикот кој нешто кажува го става шеширот на главата. Во завршниот дел од часот по еден ученик од секоја група го презентира сработеното пред другите и се поведува дискусија.
|